Неговото министерствување не беше само неуспешно, туку ја стави здравствената грижа на продажба, каде што милионски тендери се делеа како политички подароци, додека здравјето на луѓето го стави на чекање.
Однесувањето на Филипче е вистински пример за злоупотреба на власта. Fokus
А додека ,,Д-р Пановски“ добиваше милионски зделки, граѓаните беа оставени без термин и без терапија.
Филипче, за време на ковид-пандемијата, уште повеќе ја покажа својата неспособност и Македонија ја смести меѓу земјите со највисока стапка на смртност, а имаше и сериозно доцнење во процесот на вакцинација. A1on
Филипче и СДС ќе останат запаметени како влада која не успеа да ги исполни своите предизборни ветувања, и која го обесмисли јавниот систем, а Филипче како министер кој наместо реформи остави трауми.
Наместо да се насочи кон модернизација на болниците, набавка на опрема, унапредување на здравствените услуги и создавање на пристапни и ефикасни третмани, Филипче и неговата власт се фокусираа на краткорочни, финансиски мотивирани цели. A1on