Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре престојува во работна посета на Луксембург, каде што, на покана на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, ќе учествува на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, во формат на министри за надворешни работи на земјите-членки и земјите од Западен Балкан. Netpress
Заеднички беше потврдена посветеноста на Владата кон реформската агенда и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, што претставува силна потврда за стратешката ориентација на државата и трасира кредибилен и веродостоен пат кон полноправно членство во ЕУ“, соопшти Миистерството за надворешни работи и надворешна трговија.
На средбата стана збор и за трагедијата што неодамна се случи во Кочани, при што министерот Муцунски изрази благодарност за поддршката што Европската унија ја покажа – како преку директната помош од земјите членки, така и преку брзото активирање на Европскиот механизам за одговор на кризи. Mk
Двајцата министри ги поздравија одличните пријателски односи меѓу двете земји и изразија заедничка заложба за интензивирање на политичкиот дијалог во наредниот период.
Разговараа и за потенцијалите за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на економските и трговските односи, во насока на искористување на можностите за нови инвестиции. Press24
На маргините на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија, кој се одржува во Луксембург, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос.
„На средбата се разговараше за актуелниот статус на македонското ЕУ-досие, заемната посветеност за надминување на актуелните предизвици и неопходноста од забрзување на евроинтеграцискиот процес. Plusinfo
Средба на министерот Муцунски со заменик-премиерот и министер за надворешни и европски прашања на Луксембург, Гзавие Бетел За време на работната посета на Луксембург, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, остварил средба со заменик-премиерот и министер за надворешни и европски прашања на Луксембург, Гзавие Бетел.
Од Министерството денеска соопштија дека оваа билатерална средба претставува потврда за силниот интерес на Луксембург за Западен Балкан, како и за стратешката определба на нашата држава за интеграција во европското семејство и придонесот кон регионалната стабилност, безбедност и мир. Kanal5
Министерот Муцунски упати благодарност за поддршката од Европската Унија по трагедијата во Кочани, како и за континуираната и силна луксембуршка поддршка за европската перспектива на нашата земја, која се манифестира и преку поддршката на реформските процеси, техничката и експертската помош.
На средбата беше потенциран и прогресот што државата го има постигнато во спроведувањето на реформите како и напорите државата да остане предводник во исполнување на реформската агенда. Press24