Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
8
7.18
11.45
2.34/0.46
8.00
1.96
0.25
674.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 8
21 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 217.5
Best clustering variants
21 0.99/0.01 2 217.5
Sitel

Дополнително, да се измени Законот за управните спорови, во насока на тоа, судот да не може да носи одлуки без списите на предметот бидејќи таквиот начин на работење исклучиво е на штета на граѓаните, додаде Зибери.

На прес-конференцијата тој посочи и на други повреди на правата на граѓаните за што имало претставки минатата година - неможноста на граѓани што работеле во Италија да остварат право на пензија зашто не е ратификуван билатералниот договор за пензиско и социјално осигурување, поплаки дека лани во некои старечки домови во државата им било ускратено правото за време на изборите да гласаат во установата, неможноста на децата со попречености во средно образование да имаат образовни асистент затоа што не беше донесен Законот за средно образование, како и ускатеноста на учениците со оштетен слух да следат содветна настава во специјализираното училиште „Партенија Зографски“ бидејќи голем број наставници не го знаат знаковниот јазик. Sitel