1 (7) ■ вести > македонија ■ 21-Sep 11:35 -> 21-Sep 12:25
.
.
.
.

ПОЛИЦИЈАТА СЕ ЗАСИЛУВА ВО БОРБАТА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО Тошковски промовираше мобилна апликација

  • Промовирана мобилна апликација за зајакнување на полицијата во постапување на случаи на родово базирано и семејно насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера (20.09.2024), се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која се одржа во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера (20.09.2024), се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која се одржа во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово.

2 (6) ■ вести > македонија ■ 21-Sep 11:16 -> 21-Sep 12:41
.
.
.
.

(ВИДЕО) Николоски: Се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик со Бугарија за да немаме пруга која што завршува во тунел кој не води никаде

  • Николоски во Будимпешта ги презентираше капиталните инфраструктурни проекти

Во рамки на министерскиот состанок на министрите за транспорт на Европската Унија каде присуствуваше и заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, во своето обраќање тој ги истакна крупните инфраструктурни проекти што се реализираат во Македонија а кои се од клучно значење за поврзување со земјите од Западен Балкан, за развој на регионот и економски развој и подобра комуникација за граѓаните во Македонија информираат од неговиот кабинет.

Николоски во Будимпешта ги презентираше капиталните инфраструктурни проекти пред министрите за транспорт на земјите од ЕУ. Капиталните инфраструктурни проекти што се реализираат во државава, а кои се од клучно значење за поврзување со земјите од Западен Балкан ги истакнал вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на министерскиот состанок на министрите за транспорт на Европската Унија.

6 (97) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 20-Sep 07:35 -> 20-Sep 22:30
.
.
.
.

Палевски негира вина и тврди дека ЈО извршува политички наредби и злоупотребува докази

  • Започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски

  • Мајката на Вања бара исклучување на јавноста од цела судска расправа

  • Палчо: Се откажувам од сведочење на мајката, за да не ја вознемируваме

Првообвинетиот Љупчо Палевски, за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска, во Основниот кривичен суд се произнесе дека не се чувствува виновен и дека Основното јавно обвинителство извршува политичка наредба.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Зорица Ѓорчевска, мајка на убиеното девојче Вања Ѓорчевска преку нејзиниот полномошник поднела барање до обвинителството јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа за судењето за убиството на девојчето и велешанецот Панче Жежовски.

Љупчо Палевски – Палчо, првообвинетиот во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на рочиштетот денеска кажа дека ќе се откаже од тоа мајката на Вања, Зорица да сведочи.

11 (67) ■ вести > свет ■ 19-Sep 08:36 -> 21-Sep 12:42
.
.
.
.

Убиен е уште еден командат на Хезболах во израелските напади врз Бејрут

  • Израел изврши серија напади врз Либан

  • Пентагон стравува дека пејџерите беа најава за почеток на војна

  • Експлозии во Либан: Што се знае досега за нападите?

Хезболах објави имиња на 14 нејзини припадници убиени во вчерашниот израелски воздушен напад врз либанскиот главен град Бејрут, заедно со главниот командат Ибрахим Акил, пренесува Си-ен-ен. Во нападот е убиен уште еден висок оперативец на Хезболах, Ахмед Вахаби, кој ги предводеше воените операции на нивните специјални сили Ар Радван во воната во Газа од почетокот на годината.

Израелски борбени авиони синоќа бомбардираа цели на Хезболах во јужен Либан и погодија стотици ракетни фрлачи што беа подготвени за напади врз израелска територија.

Експлозиите на пејџери и останати уреди за кои се верува дека ги носеле милитанти на Хезболах, Пентагон го толкува како можен почеток на копнена војна во Јужен Либан меѓу Израел и Хезболах.

Илјадници пејџери и воки-токи уреди користени од либанскоот шиитско движење Хезболах експлодираа ширум Либан оваа седмици, во невидените досега во историјата напади во кои загинаа 32 лица, а беа ранети повеќе од 3.000.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

39 (11) ■ бизнис > економија ■ 20-Sep 12:13 -> 20-Sep 13:00
.
.
.
.

ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА ВО ЈУЛИ ИЗНЕСУВА 40.961 ДЕНАР Повисока е од ланскиот јули за 12,9%, но е пониска од јунската

  • Просечната нето плата во јули 40 961 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 12,9% повисока од истиот месец лани но е пониска за 2,3 % во однос на јунската плата годинава, соопшти Реалниот пораст на нето-платата јули 2024 – јули 2023 година изнесува 9,6% Зголемувањето на просечната нето-платата во однос на ланскиот јули се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: oбразование (19,1 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (18,6 %) и јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16,7 %). Податоците на статистика покажуваат дека нето-платата во јули во однос на јуни годинава се намалила за 978 денари или за 2,3%. Намалувањето главно е поради намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (9,9 %), административни и помошни услужни дејности (5,6 %) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,4 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во јули изнесувала 61,569 денари и во однос на јули 2023 година е повисока за 3,1 %.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40 961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

120 (5) ■ бизнис > економија ■ 20-Sep 11:31 -> 20-Sep 11:57
.
.
.
.

Работилница на Народната банка: СЕПА ќе донесе заштеда од 16 милиони евра годишно за иселениците и нивните семејства

  • Народна банка со важна вест за граѓаните: Македонија се приклучува на СЕПА

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.