Верниците на Римокатоличката црква денеска го слават Воскресението Христово – Велигден, најголемиот христијански празник, што годинава на ист ден го празнуваат и православните верници.
Додека сите христијани се подготвувавме за прославата на големиот христијански празник – Велигден во оваа Света јубилејна година, кој се слави во ист ден и на Исток и на Запад, папата Фрањо повикува, сите ние како Христови ученици, да го сфатиме ова како можност за да направиме решителен чекор кон единство во врска со заедничкиот датум за Велигден.