Во присуство на министри, заменици министри, ЗЕЛС, градоначалници, директори на управи и претставници на институциите, денеска под раководство на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити се одржа координативен состанок за напредокот и постигнувањата во делот на спроведувањето на Акцискиот План за подобрување на квалитетот на воздухот и на животната средина.
На состанокот присутните информираа за активностите превземени од страна на институциите кои ги водат во насока на подобруавње на квалитетот на воздухот, при што се нагласи дека загадувањето на воздухот е повеќедецениски проблем не само кај нас, туку и во земјите од нашето опкружување и во светот и дека Владата сериозно пристапи кон преземање на конкретни активности кои се координирани помеѓу институциите на локално и централно ниво. Nezavisen
Од таа причина Министерството за животна средина формираше работна група која изработи „Акциски план за грејната сезона 2024 -2025“ во кој се проектирани краткорочни интервентни мерки кои се реални, брзо изводливи и применливи акции со назначени одговорни институции за имплементирање и со обврска за известување од спроведените акциии.
Главно преземените активности беа фокусирани на зајакнати контроли на правните субјекти во однос на почитување на условите од А и Б интегрираните дозволи и студиите и елаборатите за оцена на влијание врз животната средина и за оние што не го почитуваа законот беа изречени казни. Press24
Посебно внимание институците посветиле на третманот на отпадот како и контролите за палење на оган на отворено.
Особено успешни беа контролите на станиците за технички преглед на возила со цел да се утврди дали се спроведува мерење на емисиите на издувни гасови и вонредните контроли на техничка исправност на возилата, особено за оние со дизел горива, и нерегистрирани возила. Press24
Главно преземените активности беа фокусирани на зајакнати контроли на правните субјекти во однос на почитување на условите од А и Б интегрираните дозволи и студиите и елаборатите за оцена на влијание врз животната средина и за оние што не го почитуваа законот беа изречени казни.
Посебно внимание институците посветиле на третманот на отпадот како и контролите за палење на оган на отворено. Press24