А Уставот и законите во Македонија, во делот што се однесува на малцинствата (особено на едно од нив), им овозможуваат права и формалноправен статус далеку над стандардите од меѓународното право (резолуции), како што не овозможува ниедна држава во светот (малцинствата кај нас се со статус – „делови на народи“). Но, и покрај наведеново, она што отвора голем број дилеми е фактот што иако ОБСЕ досега немаше забелешки околу малцинските права во Македонија, сега очигледно таа институција се става во функција на барањата за уставни промени во врска со „заштита на малцинските права“, односно македонските граѓани со бугарска самосвест да бидат впишани во македонскиот устав и токму имплементацијата на нивните права (статус) да биде под засилен мониторинг… Што всушност сака ОБСЕ? Novamakedonija