Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешната средба со новинарите најави дека на наредната пленарна седница, која треба да се одржи на 29 април, се очекува на дневен ред да се најде интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од група пратеници на Левица.
Локалните избори ќе се распишат кон крајот на јули или во почетокот на август, соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите.