Скандалот со братот на градоначалникот Стефковски го покажа распадот на системот во МВР, „брат да ми е ќе одговара“ е најголема лага на Тошковски, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески во денешната дискусија во Собранието по поднесената интерпелација на министерот Тошковски. Libertas
Скандалот со братот на градоначалникот Стефковски го покажа распадот на системот во МВР, „брат да ми е ќе одговара“ е најголема лага на Тошковски, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески во денешната дискусија во Собранието по поднесената интерпелација на министерот Тошковски.
„Брат да ми е ќе одговара“ како велеше министерот Тошковски. Fokus
Епа, еве еден брат, господине Тошковски.
Братот на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, секако од ДПМНЕ, фатен на радар како вози пребрзо среде град, го сопрела полицијата да го казни, се јавил во МВР и го пуштиле. Press24
Функционерите на ДПМНЕ, нивните браќа, сестри и роднини не ги почитуваат законите, а тоа им го овозможува првиот човек на МВР., рече Талески Ова е признание дека системот е во распaд, па што работи министерот, чека луѓето сами да се пријават, или да ги открие скандалите некој друг?, додаде Талески.
Затоа глас ЗА интерпелација на Тошковски е глас за тоа законот да важи за сите, и за функционерите на власт, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески. Libertas
Ова е тотален распад на безбедносниот апарат.
И уште еден аспект ќе спомнам — неказнивоста на функционерите на ДПМНЕ. Press24