Никој нема никого да има шанса да го спаси од дисциплинска или друга одговорност, рече Тошковски.
Опозициската СДСМ денеска обелодени дека на 20 април на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, полицијата со радар фатила возило со преголема брзина кое било управувано од братот на градоначалникот на Гази Баба и дека полициските службеници не го казниле по наредба на началник во МВР. Press24
СДСМ бара обвинителството да го истражи случајот.
„Скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски кој дивееше по скопските улици, а потоа беше ослободен од страна на МВР го потврди она што сите многу добро го знаат: за функционерите на ДПМНЕ и нивните роднини не важат законите. Nezavisen
Додека јавноста реагира за скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски кој дивееше по скопските улици а беше ослободен од МВР, се поставува прашањето кој ќе сноси политичка одговорност, прашува СДСМ.
„Дали лично градоначалникот Стефковски се јавувал во Министерството за внатрешни работи за да изврши притисок за ослободување на неговиот брат? Press24
Полицискиот службеник, како што рече Тошковски, направил две повреди на оперативните процедури и на законот, од кои едната ја оцени како поголема од другата.
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, вчера на прес-конференција објави видеоснимка за која рече дека е од полициски радар, а на која се гледа како братот на градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Стефковски, вози со преголема брзина, а притоа полицијата, иако го регистрирала и го сопрела, сепак, не го казнила. 360stepeni
Наместо да обезбедат почитување на законот, ги штитат прекршителите — само затоа што се функционери на ДПМНЕ, реагираа денес од СДСМ земајќи го како повод поништувањето на казната од страна на МВР на братот на градоначалникот на Гази Баба, кој според нив „летал“ низ улиците на Скопје со возило.
Со ДПМНЕ и Панче Тошковски на чело на МВР, наместо ред и поредок, царуваат неказнивоста и селективноста. Nezavisen
За нив нема одговорност — сите други се виновни, само тие не. СДСМ бара целосна истрага, одговорност за сите вмешани полициски службеници и санкции за сите инволвирани — почнувајќи од Панче Тошковски па надолу.
Со Тошковски, законот не важи за функционерите на ДПМНЕ. Nezavisen
Станува збор за ова возило „Мини Купер“ со скопски регистарски таблички, управувано од Далибор Стефковски — брат на градоначалникот на Гази Баба, Борче Стефковски.
Тој воедно е и сопственик на автомобилот. Nezavisen
Законот за нив не важи.
Ако за брат на фукционер на ДПМНЕ нема одговорност, што да очекуваат граѓаните кога станува збор за повисоките функцинери. Nezavisen
Сè уште се свежи болните спомени на трагично прегазената Фросина во Скопје.
И што прават Тошковски и МВР? A1on