Ве молам, макар и симболично, да им го завртите сите грбот како што им го вртам јас, за да почувствуваат како е кога работник ќе ви заврти грб.” Тој додаде: “Им ветивме дека ќе дојдеме повеќе, ќе дојдеме и многу повеќе, доколку не донесат измени на Законот за минимална плата и не ги зголемат сите останати плати, доколку не – ние на минималец, тие на минималец.” Трендафилов изјави дека е тажно што на 1 Мај, кога се чествува работничката борба за осумчасовно работно време, “дел од овие зад нас донесоа закон со кој се овозможува во Македонија да имаме 12-часовен работен ден, нешто што го снемало во светот во 1886 година”.