Вкупно беа 600 специјализанти, на апликацијата аплицираа 584 приватни специјализанти.” “Денеска веќе започнува процедурата, конкурсите се отворени во повеќето болници.” “Конкретно, бевме во амфитеатарот на Имунологија, 89 кандидати за вработување, приватни специјализанти, коишто ќе се вработат во 13 клиники во Клинички центар.” Министерот Таравари во изјава за медиумите објасни: “Во понеделник продолжува тестирањето за Тетово и за Гостивар и следните денови идната недела продолжува тестирањето за првите 300 специјализанти, така да, решаваме еден долгогодишен проблем.” Тој исто така потенцираше дека постои дефицит на кадар во повеќето болници и клиники во земјата.