Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека утре ќе има средба со Арбен Таравари за идното функционирање на владата.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општина Кавадарци, во однос на тоа како ја оценува состојбата во владината коалиција, напомена дека е одлична, а притоа потврди и дека ќе се случи средба со министерот за здравство Арбен Таравари.
Доколку екс министерот за економија Крешник Бектеши се најде на обвинителна клупа за пожарот во „Пулс“ во Кочани, ДУИ излегува на улица, вели за лидерот на партијата Али Ахмети.
Али Ахмети никогаш не излезе на улица за својот народ и не прозборе за идеалите за својот народ, но сега кога се загрозени роднините и другарите од тендерите и милионите одеднаш му текна да излезе на улица, реагира коалицијата ВЛЕН на изјавата на лидерот на ДУИ дека ако ескминистерот за економија Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани, тој ќе излезе на улица и нема да се врати додека не испровоцира предвремени пармалентарни избори.