Овие суштествени елементи, доведуваат до совршен правен ефект наречен „умерен жив конституционализам”, кој својот практичен ефект го има во општествените разбирања кои ги надминуваат уставните, изјави претседателот на Уставниот суд.
Според претседателот Костадиновски, овој начин на толкување на уставните норми, во модерните општества им пркоси на предизвиците со кои се соочуваат уставните судии и е во насока на афирмирање на улогата уставни судии како чувари на Уставот, но и најповикани толкувачи на правната норма. Mk
Со толкување на Уставот низ призмата на живиот конституционализам, со силата на правните сфаќања и аргументи со кои тоа се прави, може само да се зголеми кредибилноста и авторитетот на Судот, прво да ги антиципира и прифати, но истовремено и да влијае и да ги трасира промените или уште попрецизно да ги хармонизира и усогласи пишаните уставни вредности и норми со духот на времето – истакнал тој.
На Когресот ќе се обратат претседателот на Уставниот суд на Романија, претседателите на Европскиот суд на правдата и на Европскиот суд за човекови права, претставници на Врховниот суд за касација и правда, претседателката на ACCF и други истакнати правници од европските судови и меѓународни организации. Novamakedonija
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски учествува на 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт Романија.
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски учествува на 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт Романија, каде што попладнево имаше обраќање, на Првата работната сесија со фокус на тема: Конституционална рамка на толкување на Уставот. Kanal5