Денес во Рим Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши оствари средба со Лоренцо Чеза, шеф на Италијанската делегација во Парламентарното собрание на НАТО. Kanal5
Сите земји-членки и нивните парламенти треба да посветат особено внимание на Структурниот дијалог НАТО - ЕУ кој опфаќа отпорност, заштита на критичната инфраструктура и подобрување на капацитетите на одбранбената индустрија.
Чеза ги повтори честитки за организацијата на Состанокот на ПК на НАТО во Скопје, на кој учесниците покажаа дека членството во Алијансата е повеќе од безбедност, тоа е споделување и заштитување на вредности и застапување на споделени цели. Kanal5
Во рамките на програмата, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, како што е најавено, ќе оствари одделна средба со д-р Фабрицио Касталди, генерален секретар на Домот на пратеници на Парламентот на Италијанската Република.
Меѓу другите активности, во просториите на Амбасадата на РС Македонија во Рим, за претседателот на Собранието и делегацијата е организирана средба со претставници на дијаспората во Италијанската Република. Press24