Нашата интенција и тенденција не е да предизвикаме политичка криза, рече министерот за здравство Арбен Таравари.
За евентуална соработка со доскорешните партнери во коалицијата ВЛЕН тој кажа дека не останало простор за да се преговара и дека сега се сконцентрирани на локалните избори – Алијанса за Албанците како и секоја друга партија сака да освои повеќе општини. Press24
Одлуките ги носиме автономно во органите на партијата и ќе решиме како понатаму.
Токму сега кога шансите за преговори со ВЛЕН се на нула, сакаме да донесеме рационални одлуки кои ќе бидат во корист на државата во живееме и секако за партиите, рече Таравари. A1on
Дали ќе се оди на предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври, ексклузивно зависи од ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, кое е дел од власта, и министер за здравство, Арбен Таравари. Press24