Во соопштението се посочува дека соговорниците се согласиле дека одлична политичка соработка, како и динамична економска соработка нуди простор за натамошно продлабочување и прширување во сите сфери од замен интерес.
Во таа насока изградбата и последователниот развој на Паневропскиот Коридор VIII и вклучувањето во рамката за макро-регионална соработка на ЕУ треба да остане приоритет, како и вклучување во мрежите за интерконективност – инфраструктура, енергија, комуникации, кои се клучни за развојот на целиот регион на Западен Балкан. Libertas
Претседателот на Собранието, Африм Гаши и делегацијата во посета на Италиjа имаше средба со сенаторката Ема Паванели, која е и претседателка на Билатералната група за соработка со државите од Балканот на Италијанскиот Парламент и членовите на Групата, по која следеше средба со Џулио Тремонти, претседател на Комисијата за надворешна и европска политика, Дом на пратеници на Парламентот на Италијанската Република. Press24
Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, Гаши искажал очекување дека Советот на ЕУ ќе даде јасен сигнал дека започнувањето на преговори со Република Северна Македонија треба да е повеќе од императив за Унијата, особено имајќи ги во вид фрагилните и деликатни геополитички состојби.
Соработката меѓу двата Парламенти ја оцени како динамична, особено преку Протоколот за соработка кој ќе овозможи размена на искуства, надградба на знаењата и проширување на визиите за парламентарното работење. Libertas
Во рамките на програмата, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, како што е најавено, ќе оствари одделна средба со д-р Фабрицио Касталди, генерален секретар на Домот на пратеници на Парламентот на Италијанската Република.
Меѓу другите активности, во просториите на Амбасадата на РС Македонија во Рим, за претседателот на Собранието и делегацијата е организирана средба со претставници на дијаспората во Италијанската Република. Press24
Пратеничката Благица Ласовска, која е дел од собраниската делегација, се осврнала на придонесот на нашата земја во политиките на Унијата иако не е членка на Унијата, од поддршка за време на мигрантската криза, преку усогласување со заедничката безбедносна политика до приклучување на санкциите од Унијата.
Наместо членството да се заснова на придонес и исполнување на Копенхашки критериуми, истото е условено од билатерален спор. Novamakedonija