Континуираната поддршка, кажал тој, сведочи за визијата на Италија за интегриран и стабилен Западен Балкан во НАТО и во Европската унија, чиј заеднички именител е просперитетен регион без конфликти и отворени прашања.
На средбите Гаши зборувал за скрининг процесот, кој, како што оценил, многу успешно завршил пред две години, со високи оценки од Европската комисија и изразил очекување дека за време на полското претседавање со Советот на ЕУ ќе се испрати конкретен и јасен сигнал до сите земји-членки, дека започнувањето на преговори со Република Северна Македонија е повеќе од императив, како и проценка дека секое натамошно одолговлекување на процесот на проширување на Унијата ќе значи натамошно влошување на ситуацијата, кое ќе се рефлектира како на економски, енергетски, безбедносен, така и на политички план. Novamakedonija
Италија е посведочен пријател на Република Северна Македонија и поддржувач на нашата стратешка цел – полноправното членство во Европската Унија, истакнал претседателот на законодавниот дом Африм Гаши на средбата со претседателот на Долниот Дом на Италијанската Република Лоренцо Фонтана, осврнувајќи се на двете резолуции усвоени во италијанскиот Дом на пратеници. Libertas
Денес претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, во рамки на посетата на Италијанската Република оствари средба со Лоренцо Фонтана, претседател на Долниот Дом на Италијанската Република.
На средбата присуствуваа и членовите на Пратеничка група на Собранието на РСМ за соработка со Парламентот на Италијанската Република: Благица Ласовска, Димитар Ковачевски и Мимоза Муса, како и Марина Димовска, генерален секретар на Собранието РСМ. Press24
На средбите беше истакната и подготвеноста за натамошна взаемна поддршка и соработка меѓу постојаните делегации во парламентарните собранија на НАТО, Советот на Европа, OБСЕ, Медитеранот, ИПУ, како и конструктивната соработка во рамките на Јадранско-Јонската Иницијатива, и во Централно-европската Иницијатива, каде Италија е земја-основач.
Присутните се заложија за унапредување и на повеќе сегменти на меѓудржавна соработка, во економијата, но и во културата, образованието, туризмот и здравството, а Протоколот за соработка овозможува отпочнување на повеќе иницијативи за размена на искуства и парламентарни практики од взаемна потреба и интерес. Press24
На средбите, Гаши се задржал на скрининг процесот, кој заврши пред 2 години, со високи оценки од Европската комисија и изрази очекување дека за време на полското претседавање со Советот на ЕУ ќе се испрати конкретен и јасен сигнал до сите земји-членки, дека започнувањето на преговори со Република Северна Македонија е повеќе од императив, како и проценка дека секое натамошно одолговлекување на процесот на проширување на Унијата ќе значи натамошно влошување на ситуацијата, кое ќе се рефлектира како на економски, енергетски, безбедносен, така и на политички план.
Пратеничката Ласовска се осврна на придонесот на Македонија во политиките на Унијата иако не е членка на Унијата, од поддршка за време на мигрантската криза, преку усогласување со заедничката безбедносна политика до приклучување на санкциите од Унијата. Press24