Во партијата се води силна дебата, мнозинството од структурите не се согласуваат со одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Владата и повторно да им се приближи на ДУИ и Европскиот фронт, рече вечерва првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка.
До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари.
Министер за животна средина и просторно планирање и вицепремиер во Владата, Изет Меџити вели дека сегашните функционерски позиции во Владата на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари кој синоќа најави дека ќе поднесе оставка од министерската позиција остануваат во коалицијата „Вреди“.