Вие веќе сте дел од нашата заедничка безбедносна политика, а тоа е од клучно значење во време на геополитички предизвици.
Ве охрабрувам да останете на истиот пат и да ги преземете потребните чекори за отворање на пристапните преговори,“ порача Калас. Press24
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас вели дека во случајот со Северна Македонија се’ уште се надеваат дека планот „А“ ќе функционира. Opserver
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, потенцира дека нашата определба е јасна, земјата припаѓа на ЕУ, за што досега вложила голем труд и направила многу жртви, но напомена дека таа определба треба да биде возвратена. Kanal5
Тој изрази верување дека иднината е на нашата страна.
Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да можеме да сметаме на Европа, рече Мицкоски на заедничката прес-конференција со Калас. Opserver
„Северна Македонија се соочува со важен изборен процес и изборот ќе го направат граѓаните.
ЕУ верува во иднината на регионот во европското семејство. Mk
Шефицата на дипломатијата на Европската Унија, Каја Калас, по средбата во Скопје со премиерот Христијан Мицкоски, најави дека постои можност за движење во врска со блокадата на патот кон интеграцијата во ЕУ, поради неодобрувањето на уставните измени што ги бара Бугарија.„Патот до членство не е лесен и мојата порака денес е да останеме на истиот пат. Alsat
Можно е да се размислува за план Б за евроинтеграциите на Македонија доколку Бугарија не попушти во своите условувања, порача од Скопје високапата преставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас. Alfa
Работиме на тоа, доколку не, тогаш ќе преминеме на следната фаза“, рече Калас.
Таа беше прашана и за механизмите за деблокирање на процесот, на што одговори дека ЕУ сака Северна Македонија да се придвижи по патот, но свесни се за препреките со кои се соочува. Opserver
Разговаравме отворено како што доликува на партнери кои се стремат кон заедничка иднина. Kurir
Го кажувам ова не само како политичар, туку и како професор кој работи со млади луѓе.“„Да покажеме дека Европската Унија не е затворена, туку за нас таа е жива визија – заедница на вредности, отворена за оние кои ги живеат тие вредности“, рече Мицкоски.
Мицкоски вели дека е подготвен да разговара – на ниво на билатерални разговори или на ниво на партнерски односи во НАТО – за надминување на проблемот со Бугарија за европскиот пат на Македонија. Puls24