Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска потврди дека партијата веќе започнала со сериозни подготовки за претстојните локални избори, вклучително и дефинирање на коалициските стратегии и изборот на кандидатите за градоначалници. Libertas
„За двајца градоначалници сме веќе прилично сигурни дека ќе трчаат на локалните избори, и тоа се сегашните актуелни градоначалници на општина Центар, Горан Герасимовски, и на Крушево, Томе Христовски“, изјави Филипче.
Лидерот на СДСМ нагласи дека изборот на коалициски партнери ќе се базира на принципи на доверба, заемно почитување и заедничка визија за реализација на програмите на локално ниво. 4news