Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата веќе работи на подготовките за претстојните локални избори, со јасни критериуми за избор на коалициски партнери и кандидати за градоначалници. Mk
Тој информираше дека СДСМ веќе има потврдени коалициски партнери во рамки на постојната коалиција и дека се работи на консолидација на советничките листи.
„Веќе имаме потврдено коалициони партнери во рамки на веќе постојната коалиција за локалните избори работиме на консолидирање на советничките листи, и за двајца градоначалници сме веќе прилично сигурно дека ќе трчаат на локаните избори и тоа се сегашни актуелни градоначалници на општина Центар, Горан Герасимовски и на Крушево, Томе Христовски“, изјави претседателот на СДСМ. Zoom