Со поддршка од ЕУ фондовите, во Општина Велес, во изминатите неколку години се реализираа капитални проекти, меѓу кои и адаптација на поранешното градско кино во Европска куќа на млади.
Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 09.34 часот на железничкиот премин на Регионален пат Велес – Извор, во близина на поранешна фабрика „Порцеланка“ кај Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од 23 годишниот Ѓ.О. од Чашка и патнички воз сопственост на Македонски железници, управуван од 39 годишниот К.З.од Скопје.
Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас денеска ќе го посети Велес, во рамки на серијата општински посети преку кои граѓаните и институциите имаат можност да се запознаат со придобивките од процесот на пристапување во ЕУ. Како што се посочува во соопштението од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, со овие посети се истакнува важноста на интеграцијата и нејзиниот придонес во развојот на локалните заедници.