Осврнувајќи се на посетата на Италија, Сиљановска-Давкова изјави дека и Папата и претседателот на Италија, биле и остануваат наши пријатели и дека навистина нема да ги заборават ниту принципите на ЕУ. Како што велат од Кабинетот, претседателката, на средбите потсетила дека „ЕУ без принципи и вредности не може да биде филозофија, не може да биде престижна и инспиративна заедница“, но исто така ја нагласила и потребата „да седнеме културно со соседите во случајот со Бугарија и да го решиме проблемот”.„Претседателот на Италија Серџо Матарела, како пријател на Македонија, но и голем пријател на Западен Балкан, веќе разговарал со господинот Антонио Кошта, но и со госпоѓата Урсула Фон дер Лајен, за она што нам ни се случува и рекол дека „не смее Европската унија да дозволи ние да бидеме жртва на идентитетски прашања, или на билатерализација врзана за идентитетските прашања“, информираше кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во соопштение за средбата на Сиљановска Давкова со Матарела во Рим.