На седница одржана во среда вечерта, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврди 25 кандидати за градоначалници кои ќе ја претставуваат партијата на претстојните локални избори закажани за октомври.
Промените продолжуваат, ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вчера даде доверба на 25 исклучителни луѓе, повеќето од нив актуелни градоначалници, како кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, во пресрет на претстојните локални избори, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница, на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори.
ВМРО-ДПМНЕ вечерва соопшти 25 имиња за кандидати за градоначалници за претстојните локални избори што треба да содржат на есен, но уште нема издефинирано име за градоначалник на Скопје, иако потврдија дека во игра се оние кои цело време се споменуваа: Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода и актуелниот министер за локална самоуправа Златко Перински.