Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, изјави дека досега немал разговор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за евентуална кандидатура за градоначалник на Град Скопје, но не ја крие својата амбиција.
Министерство за локална самоуправа Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 даде свое видување на повеќе политички теми, зборуваше за актуализираното отворање на изборниот модел, за последните случувања во Град Скопје, а се осврна и на реформскиот процес на Законот за локална самоуправа.
Денеска, на 40. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која претседаваше министерот за локална самоуправа, Златко Перински, беа разгледани и усвоени предлог одлуките за распределба на средства од Програмата за рамномерен регионален развој.