Паничните објави на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Реакцијата на СДСМ доаѓа откако денеска министерот Тошковски на својот фејсбук-профил објави статус во кој вели „СДСМ не треба да зборува за селективност и неправда бидејќи за време на седумгодишниот мандат на оваа партија се случија три големи трагедии во кои животот го загубија над 70 луѓе“.
Проширувањето на истрагата за страшната трагедија во Кочани се уште е фокусирана само на минатото а никако на моментите кога се случил кривично-правниот настан ниту на актуелни полициски функционери, посочија од СДСМ.
СДСМ утрово соопшти дека очекувале оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најмалку од морални причини, по трагедијата во Кочани.
Поттикнат од вчерашните координирани напади од ДУИ, СДСМ и нивниот нов партнер Левица, кои синхронизирано и оркестрирано ги насочија кон мене сите свои расположливи сили, а дополнети и со нови, очекувано продолжени удари од страна на СДСМ утрово, чувствувам обврска пред јавноста да укажам на суштината на оваа невообичаена и сè поочигледна алијанса.