Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во „Click Plus“ на ТВ21 со силна уверена изјава ја коментираше политичката иднина на главниот град. Press24
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, не ја исклучува можноста еден ден да ја води главниот град, но истовремено вели дека сѐ уште не е разговарано за конкретна кандидатура со раководството на неговата партија.
Во гостување на емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Перински истакна дека досега не водел разговор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за тоа дали би бил кандидат за градоначалник на Скопје. Lokalno