Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на прославата по повод 23-годишнината од формирањето на партијата, изјави дека „Европскиот фронт“ е во активна комуникација со, како што рече, конструктивни политички сили во земјата, со цел заедничко делување и координација.-Бараме тоа да се случи бидејќи единствен излез и спас за создавање политичка стабилност е парламентарните избори да се одржат заедно со локалните, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.
Предвремени парламентарни избори заедно со локалните побара лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети вечерва на централен настан во Чаир по повод 23 години од основањето на партијата.