Посебен акцент беше ставен на подобрувањето на партнерствата помеѓу владите и бизнис-заедниците на двете држави.
Министерот Муцунски му се заблагодари на министерот Баро за брзата и принципиелна поддршка која Франција ја даде по трагичните настани во Кочани, како и за упорната и силна поддршка од француската влада во процесот на европска интеграција на Македонија. 365
Првпат македонски министер за надворешни работи воспоставува директен дијалог со сите Г7 колеги во период пократок од една година.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, пред да заврши првата година од својот мандат, успеа да воспостави директен политички дијалог со сите министри за надворешни работи на земјите-членки на Г7 – групата на највлијателни индустриски демократии во светот. Skopjeinfo