„Огромни суми на пари, кои се бројат во десетици милиони евра, од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми директно на Заев, а кои имаат тесна врска со Венко Филипче.
Ова е аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира.
Додека Заеви заработувале милиони, Филипче имал лично профит од 3 пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче лично имал профит од препродажбата на трипати поскапиот јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година, рече денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.