Зашто, конечно, ако се прочита бугарскиот Објаснувачки меморандум, во кој е сè убаво објаснето, секому станува повеќе од јасно дека сите бугарски влади и сите парламентарни состави, од кога со победа на руското оружје во Руско-Турската војна 1878 Бугарија од ништо стана автономно нешто, па преку славното обединување на Европа под палката на Хитлер, и преку миговната сегашност сè до недогледната вечност, тие ќе го имаат истоветното становиште за родната ни Македонија, како што го имала и владата на премиерот Филов во пролетта 1941 година. Okno