Премиерот на земјата, Христијан Мицкоски, им упати честитки на муслиманските верници по повод празникот Курбан Бајрам.
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам.
Премиерот Христијан Мицкоски, по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламска Верска Заедница во Македонија, Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаху и до сите верници од исламска вероисповед.
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска упати честитка по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам.