*Објава на Фејсбук на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска:Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, за што документи се доставени до обвинителство и има изјави кои сведочат за начинот на кој ги спроведувал овие незаконски постапки, институциите уште се мислат кога да ПОЧНАТ да постапуваат.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, повторно ја разбранува јавноста со остри и иронични пораки насочени кон нејзините политички опоненти, овојпат директно адресирајќи го градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.„На здравје нека му е кафето со Вики Ганиу – јас завршувам со Висар во Чаир, па доаѓам и во Кисела Вода!“, изјави Арсовска во неформална средба со новинарите, алудирајќи на актуелната соработка со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.