Frontline
Прашан дали преговара за проширување на парламентарното мнозинство, бидејќи уште се заглавени неколку закони во македонското Собрание, немајќи бадентер, особено за гласање на Државниот инспекторатот за јазиците, Мицкоски со одговор дека тоа што опозицијата го прави во Парламентот е навистина без преседан, бидејќи вработените шест месеци не можат да земат плата.
Нашиот предлог е тие луѓе согласно измените во законот, бидејќи тие го гласаат, тогаш да прејдат во Министерството за правда и да може министерот за правда да потпише плата за изминатите шест месеци, за да не влегуваме во процес на создавање на поинакви начини на создавање на мнозинство, кое што е потребно за гласање, а потоа веднаш да почнеме процедура, да изгласаме измени во друг Закон, каде што инспекторат ќе биде орган во состав на Агенцијата, бидејќи Агенцијата е таа којашто креира политики, околу употребата на албанскиот јазик, а овој инспекторат треба да спроведува, односно да проверува, дали тие политики се спроведуваат, изјави Мицкоски. Frontline