Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека нема да учествува на претстојниот Самит на НАТО во Хаг, каде што државата ќе ја претставува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Mk
Ако има каква било иницијатива за средба меѓу македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и бугарскиот премиер Росен Жељазков на претстојниот Самит на НАТО во Хаг, тоа треба да се прифати, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој соопшти дека нема да присуствува на Хашкиот самит, затоа што, според ротацијата, на ред е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, откако тој присуствуваше на последниот Самит на НАТО во Вашингтон, минатата есен. Vecer