Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска не сакаше да даде коментар за тоа дали смета дека извештајот на известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц за Македонија ќе биде усвоен во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), чие гласање беше презакажано за 24 јуни, нагласувајќи дека ЕП е независна институција, која работи според сопствени правила. Sitel
Не би можел да дадам никаков коментар, ниту некакво предвидување, одговори кусо Рокас за време на посетата на Крива Паланка, одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговите очекувања за извештајот.
На предлог на известувачот Вајц, АФЕТ на 4 јуни го одложи гласањето за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 24 јуни, со образложение дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот. Frontline
Овој извештај нема намера и нема за цел решавање на билатерални прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Сепак, знаеме дека се работи и за билатерални односи, но исто така, да речеме, за владеењето на правото, за третманот на малцинските заедници и така натаму. Alsat