Libertas
Мицкоски, кој денеска присуствуваше на пуштање во употреба на реконструираниот регионален пат Понов мост-Богданци, одговорајќи на новинарско прашање, посочи дека откако ја добил информацијата за една силна активност на одредени политичари во Брисел, имал организирана активност со министерот за надворешни работи, при што успеале да го амортизираат ударот, кој повторно некој сакал да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик.
Јас успеав да контактирам со сите од Брисел и мислам дека успеавме некако да го амортизираме оној удар, кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик, доформулирајќи го, дообјаснувајќи го со модерен или сегашен, само да се обидат да креираат некоја нова нација, а со тоа да го нарушат и кредибилитетот на самата ЕУ. За жал, постојат и такви членови на Европскиот парламент, но среќа за нас што огромното мнозинство таму, застануваат зад нашите аргументи. Libertas