Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè, рече на прес-конференција пратеникот Јане Мицевски.
СДСМ повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв.
По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока, туку како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче на партиската трибина насловена „Македонија понижена – една година Влада“.
Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио.