Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кој е дел од парламентарната група на ЕНП во Европскиот парламент, повторно говореше за вчерашното усвојување на Предлог-извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ. Во интервју за бугарските медиуми, Ковачев повторно се пожали дека премиерот Христијан Мицкоски постојано се појавувал во македонските медиуми и кажувал дека разговарал со луѓе во Брисел, дека е задоволен од работата со известувачот Томас Вајц и дека знае нацрт-текстови што не треба да бидат јавни, што значи дека, според европратеникот, премиерот добива информации. Lokalno
Тој вели дека во текот на овие две недели ќе работи напорно за да го спречи ова, што повторно е еден вид притисок – ако сакате, емоционален притисок – врз колегите.
Од Скопје се кажуваат работи што не се вистинити. Alsat