Бујар Аземи – сопственикот на 12-катницата во Чаир за која градоначалничката Данела Арсовска тврди дека е небезбедна и изградена без документација, одобрение, проект и платени комуналии упатил бројни закани за што е поднесена пријава до МВР, информира Арсовска преку допис до медиумите.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно се вклучи од Чаир на социјалните мрежи, од пред зграда на 12 ката за која вели дека е градена небезбедно, без проект, со обид да се прикаже дека е од 2011 година.
„Небезбедно, без проект, без комуналии, 12 спрата над 50 станови незаконски градени сега со обид да се прикажат дека се од 2011, со нелегален приклучок на струја, нелегален приклучок на вода и многу закани!