Соопштение за јавност на СДСМ: Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во рамките на седницата на Парламентот посветена на пратенички прашања, до министерот за транспорт Александар Николоски упати прашање дали наредил или спровел надзор во врска со законитоста на работењето на општина Чаир во областа на урбанистичкото планирање, изведувањето на градби, бесправно изградените објекти, комуналните работи и домувањето.
Во продолжение интегрален текст на прашањето: „На интернет страницата на Министерството, е објавен документ насловен како Нацрт Стратешки план 2025-2027, кое започнува со Ваше обраќање во кое велите дека Министерството за транспорт игра витална улога во подобрувањето на животниот стандард на нашите граѓани. 24info