Министерство за транспорт Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на работната посета на Франција, утрово оствари средба со министерот за транспорт на Франција, Филип Табаро, на која се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка во делот на железницата, ависообраќајот и автопатиштата.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Франција каде е придвидено да оствари низа економски и политички средби на кои ќе се разговара за унапредување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.
Facebook / Aleksandar Nikoloski Вицеремиерот и миниситер за транспорт Александар Николоски од утрово ги започна средбите со претставници на Владата на Француската Република на кои се разговара за подобрување на севкупните политички и економски односи.
Министерство за транспорт Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори а локациски има стратешка позиција која има големи компаративни предности пред другите земји во регионот, потенцираше вицепремиерот Александар Николоски на средбата во Париз со најголемите 11 компании во Франција.