„Влен“ денес го нарече пописот на населението во 2021 година политички проект дизајниран да ги сведе Албанците на хартија, да ги избрише од статистиката и да ги исклучи од процесот на донесување одлуки. Zoom
„Уште во 2022 година, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, јавно одби да ги прифати резултатите од пописот на населението, алудирајќи особено на фактот дека Албанците сочинуваат 29.5% од вкупната популација“, соопштија од ДУИ. Lokalno
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска жестоко реагираше на најавите од премиерот Христијан Мицкоски и Владата за спроведување на електронски попис во 2026 година, обвинувајќи дека станува збор за националистичка агенда со цел исклучување на Албанците од институциите и системот.
Во реакцијата, ДУИ потсетува дека уште во 2022 година, Мицкоски јавно ги оспори резултатите од пописот на населението, каде беше утврдено дека Албанците сочинуваат 29,5% од вкупната популација. Kajgana