На Советот на АЛДЕ (Алијанса на либерали и демократи за Европа), кој викендов се одржува во Хелсинки, Финска, Либерално-демократската партија (ЛДП), ги предложи и ги промовираше двете итни резолуции кои имаат за цел да го затворат растечкиот јаз меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан – едната за интеграција на Западен Балкан во европскиот одбранбен систем, а другата за забрзано донесување на конкретни придобивки за граѓаните.
„На Советот на АЛДЕ во Хелсинки либерал-демократите уште еднаш ја потврдија својата визија за проширена и обединета Европа, усвојувајќи ја резолуцијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) од Македонија, со која што јасно се укажува на проширување на Европската Унија до 2030 година, согласно Копенхашките критериуми“, со почитување на македонската посебност, јазик и идентитет, изјави по состанокот претседателката на ЛДП, пратеничка во македонското собрание и претседателка на Либералите од Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН), Моника Зајкова. Racin
„На Советот на АЛДЕ во Хелсинки либерал-демократите уште еднаш ја потврдија својата визија за проширена и обединета Европа, усвојувајќи ја резолуцијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) од Македонија, со која што јасно се укажува на проширување на Европската Унија до 2030 година, согласно Копенхашките критериуми“, со почитување на македонската посебност, јазик и идентитет, изјави по состанокот претседателката на ЛДП, пратеничка во македонското собрание и претседателка на Либералите од Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН), Моника Зајкова.
Првата резолуција предложена од ЛДП повикува на итно започнување разговори за вклучување на земјите од Западен Балкан – особено Северна Македонија, Албанија и Црна Гора – во одбранбената архитектура на ЕУ. Тоа подразбира пристап до Европскиот одбранбен фонд (EDF), учество во Постојаната структурирана соработка (PESCO), како и вклучување во клучните индустриски и стратешки иницијативи на Европската Унија, со нагласок дека овие чекори се неопходни за да се отстрани опасниот геополитички вакуум во срцето на Европа. A1on