Дури и по одлуката на Уставниот суд со која поделбата „резиденти/нерезиденти“ беше прогласена за неуставна, ДУИ не дава никакви одговори: Кој ја донесе одлуката да биде избришана албанската дијаспора од пописот на населението во 2021 година?
Демократската Унија за Интеграција изрази загриженост за јавните изјави на Независниот полициски синдикат, кои, според партијата, потврдуваат една горчлива реалност: систематската дискриминација на албанските полицајци и неможноста за нивен напредок во полициската хиерархија.
Демократската унија за интеграција остро реагира на најновите обиди за делегитимирање на процесот на пописот на населението од 2021 година – процес кој за прв пат по 2002 година, ги прикажа Албанците во државата со 29,5%, во споредба со 25,17% во 2002 година.Обвинувањата за незаконитост се намерен обид да се прикрие срамната, неправедна и антиуставна одлука на оваа влада, која без каков било политички легитимитет од Албанците, ја намали процентуалната застапеност на Албанците на 24,3% преку исклучување на дијаспората од официјалните пресметки – одлука со која Албанците беа прикажани дури и со помал удел отколку во 2002 година.