Нов скандал во МВР е на повидок– нов случај на крајно сомнителен, коруптивен тендер којшто отвора сериозни прашања за злоупотреба на институциите за бизнис интереси и испумпување на парите на граѓаните, вели Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и додава: МВР, под раководство на министерот Панче Тошковски, доделил милионски тендер за лиценца за организирање на возачки испити во Пелагонискиот регион на новооснована фирма „Супер Возач“. 24info
СДСМ алармира за нов скандал во Министерството за внатрешни работи, овој пат поврзан со сомнителен тендер вреден милиони денари за лиценца за организирање возачки испити во Пелагонискиот регион.
Министерот Панче Тошковски, како што изнесува потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, доделил тендер на новоформирана фирма „Супер Возач“, регистрирана само три месеци пред распишувањето на тендерот. Makfax