Изградбата на втората фаза од експресниот пат Прилеп-Градско, односно делницата од Дреново до Фариш беше еден од најкомплексните проекти кои во моментов се градат во Македонија, а во последните година дена се направи повеќе отколку во сите 9 претходни години, истакна во вечерашното гостување во „Тема на денот“, на ТВ Сител, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Интегрален текст од изјава за медиуми на Миле Талески, пратеник на СДСМ: Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско.
Со завршувањето на експресниот пат низ Фаришката клисура, делницата од Дреново до Градско, пратеникот на СДСМ, Миле Талески, остро реагираше на обидите на ВМРО-ДПМНЕ да си го припише проектот како сопствен.
СДСМ реагираше на отворањето на експресниот пат низ Фаришката клисура, оценувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ се фали со капитален проект што бил над 90% завршен уште во време на владата предводена од СДСМ.