Партјата Левица излезе со сериозна реакција на јавноста, обвинувајќи го директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, за прикривање на незаконското работење на автокампот „Крани“, кој, според нив, функционира без дозвола и формално-правно не постои.„Само два месеца по трагедијата со дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде непостапувањето на институциите чинеше 63 животи, Државниот пазарен инспекторат повторно дозволува објект без лиценца да продолжи со работа“, посочуваат од Левица.
Од: А1он Вчерашниот пожар кај мостот на река Лепенец, во близина на Железничка станица „Ѓорче Петров“, кој однесе човечки живот и запали штали со добиток, е брутална слика за тоа што значи хроничната негрижа на локалната власт.