ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ПОЖАРОТ ВО ВОЛКОВО Изгоре и добитокот во шталата од која тргна стихијата што го загрози Бардовци По гаснењето на пожарот, во една од помошните простории е пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток, соопшти полицијата.
Попладнево во Општина Ѓорче Петров, делот кај Волково го зафати пожар, веројатно намерно предизвикан, а истиот потоа се префрли од другата страна на реката Лепенец, во атарот на населеното место Бардовци, велат од Општина Карпош.